Американците зачудени: Зошто Јокиќ не е најдобар во Србија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската јавност е зачудена поради изборот за најдобар кошаркар во Србија, каде што наградата му припадна на Богдан Богдановиќ.

Во избор на 40 новинари во Србија, Богдановиќ освои 27 гласови, додека Никола Јокиќ доби само 10 и тоа ги зачуди Американците.

Јокиќ минатата сезона беше најдобар кошаркар на Денвер нагетс со кој ја освои титулата во НБА-лигата, но очигледно тоа не беше доволно за признание и во Србија.

Американците сметаат дека ова е еден вид одмазда за тоа што Јокиќ одби да игра за Србија на Светското првенство.