Аморим: Ако ве слушав вас, тоа ќе беше крајот за мене!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Рубен Аморим зборуваше за разни теми, а се осврна и на притисокот од медиумите за промена на формацијата.

Главниот тренер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, порача дека за него би бил “крај” ако ја променил формацијата под притисок од медиумите.

Аморим на натпреварот против Њукасл првпат се откажа од системот со тројца во задната линија и странични играчи, и се реши за класична задња четворка со два дефанзивни врски.

По сопствено признание, во завршницата на натпреварот тој систем се претвори во практична “задња шесторка”, додека Јунајтед ја чуваше предноста и дојде до победа, само вториот меч сезонава без примен гол.

Иако претходно впечатливо изјави дека ни Папата не би го натерал да го промени системот, Аморим сега истакнува дека флексибилноста во формациите отсекогаш била дел од неговиот план.

Сепак, нагласува дека промената може да се случи само во вистинскиот момент, кога тимот игра доволно добро, бидејќи во спротивно би изгледало како попуштање на надворешниот притисок.

“Кога дојдов тука минатата сезона, сфатив дека можеби немам играчи за веднаш добро да го играме тој систем, но тоа беше почеток на процесот”, рече Аморим и додаде:

“Градевме идентитет. Денес е поинаков момент. Немаме голем број играчи и мора да се прилагодиме за да разберат зошто ги менуваме работите. Тоа нема врска со притисокот од вас медиумите или навивачите.

Кога вие постојано зборувате за промена на системот, јас не можам да реагирам на тоа, бидејќи играчите би помислиле дека менувам поради вас, а тоа, според мене, е крај за тренерот. Кога играме добро во нашиот систем, е тогаш е вистинскиот момент за промена.”