Аморим добро ќе го наплати отказот, навивачите шокирани од изборот на новиот тренер


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Откако денеска доби отказ во Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим наводно ќе заработи вистинско богатство. Имено, изутринава од Манчестер Јунајтед соопштија дека Рубен Аморим доби отказ на клупата на овој англиски гигант.

Последните неколку недели Рубен Аморим покажа отворено фрустрации, и тврдеше дека сака да биде менаџер, а не тренер во Манчестер Јунајтед.

По сето што се случи, доби отказ, а неговите излези пред новинарите очигледно не му помогнаа премногу.

Оваа одлука дојде само 14 месеци откако Манчестер Јунајтед плати околу 15 милиони евра за Аморим на Спортинг.

Тогаш Аморим потпиша договор до 2027 година, со можност да биде продолжен за уште една година.

Договорот не вклучуваше клаузула за намалена цена за заминување, па Манчестер Јунајтед мора целосно да го исплати неговиот договор.

Наводно, Аморим во Манчестер имал околу 7 милиони евра годишно, па јасно е дека ќе заработи вистинско богатство.

Имено, така Аморим ќе заработи над 10 милиони евра, а воопшто нема да работи како тренер и нема да мора да се нервира.