Аморим: Дури ни папата не може да ја промени мојата формација


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Многумина не се задоволни од Манчестер јунајтед и оваа сезона, иако тоа веќе стана навика, очекувањата се огромни, но резултатите се сосема различни од тоа.

Затоа беше тешко да се најде тренер, Рубен Аморим правеше добри работи со Спортинг, но и тој, како и сите негови претходници во клубот по 2013 година, имаа огромни проблеми со Манчестер јунајтед.

Сега му префрлаат и на Аморим, проблемот е – формацијата.

Неговата 3-4-2-1 е нешто што тој упорно одбива да го промени.

“Не, не, не!

Никој не може да ме натера да ја променам формацијата. Никој. Дури ни папата тоа нема да го направи… Тоа е моја работа, тоа е моја одговорност. Тоа е мојот живот. Така што, јас тоа нема да го променам”, рече Рубен Аморим.

Аморим, по поразот на неговиот тим од Манчестер сити на градското дерби, имаше и состанок со сер Џим Ретклиф.