СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Со голем ентузијазам, навивачите на Манчестер Јунајтед го дочекаа новиот стратег Рубен Аморим, надевајќи се тој да го врати клубот на успехот. Сепак, неговото пристигнување на „Олд Трафорд“ не донесе очекувано подобрување и тимот продолжи да се мачи со нестабилни резултати и игрa.
Под водство на Аморим, Јунајтед не ја пронајде потребната конзистентност и во последните 12 натпревари има осум порази. Ова го става португалскиот тренер во несакана статистика затоа што постави негативен рекорд – најлош старт на клубот во периодот по Фергусон.
Освојувајќи само 14 бода во првите 14 натпревари во Премиерлигата, Аморим е полош од сите свои претходници, како што се Жозе Мурињо, Дејвид Мојс, Луј ван Гал, Ралф Рангник, Ерик тен Хаг и Оле Гунар Солшер. Сите тие имаа подобар почеток на клупата на „црвените ѓаволи“.