ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед сериозно влегол во преговори со Астон Вила, со цел да ги ангажира двајцата највлијателни фудбалери од тимот на Унаи Емери – аргентинскиот голман Емилијано Мартинез и напаѓачот Оли Воткинс.
Црвените ѓаволи, кои се решени да го зајакнат својот состав пред новата сезона, веќе испратиле прва понуда за Мартинез, но истата била одбиена од страна на клубот од Бирмингем. Аргентинецот, кој беше еден од клучните фигури во успесите на Вила во изминатите сезони, наводно е подготвен за нов предизвик, што дополнително ги разгорува шпекулациите за премин на „Олд Трафорд“.
Освен тоа, Јунајтед ја има запишано и ѕвездата на нападот на Астон Вила – Оли Воткинс – на списокот на приоритетни засилувања. Сепак, првичните разговори на оваа тема не вродиле со плод.
Фото: Grok AI