Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се во финалето на Лига Европа, по двомечот во кој убедливо го победија Атлетик Билбао. Таму ќе играат против Тотенхем, кој беше подобар од Бодо Глимт.
Вчеравечер, освен убедливата победа на Јунајтед 4:1 на „Олд Трафорд“, важен беше и одличниот настап на Мејсон Маунт, кој конечно потсети на оној од Челзи во 2021-ва и 2022-ра година.
Тоа го знае и тренерот Рубен Аморим.
“Многу сум среќен за Мејсон. Тој е таков играч… Многу работи”, изјави Аморим, и додаде:
“Маунт е совршен за таа позиција бидејќи може да биде одличен играч за врска, а може и да трча како крило, може да игра со грбот свртен кон голот. Кога ќе видите таков тип кој напорно работи секој ден, тој прави сè…”
Манчестер не игра добро во Премиер лигата, но затоа Лига Европа е картата за излез во Лигата на шампионите и вид на искупување за навивачите.
“Навистина сакам да им дадам нешто на навивачите, бидејќи сме разочарувачки оваа сезона во Премиер лигата. Тоа ми е многу поважно, отколку да го надградам мојот биографија”, изјави Аморим.
Фото: Принтскрин