На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед се наоѓа во многу тешка ситуација кога се во прашање резултатите, па овие околности би можеле да доведат до тоа Рубен Аморим да направи целосна реорганизација на тимот летово.
Тоа може и да се претпостави, а почнува со нападот каде што португалскиот стратег би сакал нов „деветка“.
Расмус Хојлунд дојде како значајно засилување за сегашноста, но и за иднината, меѓутоа Јунајтед нема време да го чека.
Така „Црвените Ѓаволи“ веќе летово би можеле да го продадат Данецот веќе по две години во клубот, а цената е веќе одредена.
Јунајтед би бил задоволен со понуда од 40 милиони фунти за данскиот напаѓач. Прашање е дали тоа е многу или малку, но дефинитивно е дека клубот од „Олд Трафорд“ сака шпица кој може да постигнува голови континуирано. Како дестинација за Хојлунд се споменува Јувентус.