Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
При тешки услови, Манчестер Јунајтед постигна значајна победа над Ипсвич со 3-2, и покрај тоа што целиот втор дел од натпреварот го одиграа со играч помалку.
Доргу беше исклучен по добивањето црвен картон, што ја влоши состојбата за домаќините, особено при резултат 2:1. Тоа им даде шанса на Ипсвич да изедначи уште пред крајот на полувремето, што го натера стратегот Рубен Аморим да направи тактичка промена.
Португалскиот тренер одлучи да ја засили дефанзивата и го извади од игра Алехандро Гарначо, одлука што не му се допадна на младиот Аргентинец. Тој наместо да седне на клупата, демонстративно си замина во соблекувалната и тоа не помина незабележано од јавноста.
„Свесен сум дека ова ќе го поврзете со случајот на Рашфорд… Ќе разговарам со него на оваа тема и потоа ќе можам да дадам повеќе детали на следната прес-конференција“, изјави Аморим.