До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Трошоците на Манчестер Јунајтед поради отпуштањето на тренерот Рубен Аморим можат да достигнат 15,9 милиони фунти, соопшти денеска овој клуб.
Аморим беше сменет од позицијата тренер на 5 јануари, после само 14 месеци на таа функција, а тоа следеше набрзо откако даде провокативни коментари за својата позиција во хиерархијата на Јунајтед.
Како што наведе клубот во финансискиот извештај, 6,3 милиони фунти се однесуваат на ангажирањето на Аморим од Спортинг во ноември 2024 година.
Цифрата од 15,9 милиони фунти претставува потенцијален максимален долг на Јунајтед кон Аморим и неговиот стручен штаб.
Во поднесениот документ не е прецизирано, но медиумските извештаи укажуваат дека конечната цифра ги вклучува факторите како што се дали и кога Аморим ќе најде нова работа.
Аморим го наследи Мајкл Керик на клупата на тимот од „Олд Трафорд“, а Јунајтед оттогаш игра одлично и напредуваше на четвртото место на табелата на Премиер лигата.















