Аморим: Срам ми е да ја гледам табелата во Премиер лигата


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Иако има шанса да ја заврши сезоната со трофеј и пласман во Лигата на шампионите, Рубен Аморим, менаџерот на Манчестер Јунајтед, се соочува со многу критики поради оваа една од најлошите сезони во поновата историја на клубот на „Олд Трафорд“.

Само две кола пред крајот на Премиер лигата, Јунајтед се наоѓа на 16. место со 39 поени, што е 44 поени помалку од шампионот Ливерпул. Пораз во финалето на Лига Европа би ја потенцирал разочараноста од оваа сезона. Сепак, целокупното внимание на тимот е насочено кон мечот со Тотнем, што се манифестира и преку изјавите на Аморим.

Тој отворено проговори за предизвиците што ги има клубот и ја искажа својата фрустрација.

„Секој пораз мора да нè погодува како катастрофа. Чувствувам срам секојпат кога ќе ја погледнам табелата. Дури и ако ја освоиме Лигата Европа, тоа нема да ја покрие длабоката криза во која се наоѓаме“, изјави португалскиот стратег.

Фото: Принтскрин