Аморим за прв пат го водеше тренингот на Јунајтед и веднаш ги изненади сите фудбалери


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рубен Аморим веќе донесе голема одлука кога станува збор за екипата на Манчестер Јунајтед и тоа пред почетокот на својот прв тренинг како тренер на оваа екипа.

Аморим е официјално тренер на Манчестер Јунајтед од 11 ноември, но мораше да чека формалности околу работната дозвола за да може да го води тренингот на овој тим.

Конечно сè пристигна и Аморим започна со работа, и ја подготвува екипата за првиот натпревар под негово водство, а тоа ќе биде гостување кај Ипсвич.

Многу фудбалери на Манчестер Јунајтед се со своите репрезентации, но секако сите фудбалери кои не добиле повици за националните тимови уредно тренираат.

Со Манчестер Јунајтед конечно повторно почнаа да тренираат и Лук Шо, Мејсон Маунт, и Лени Јоро, но прашање е дали некој од нив тројца ќе добие шанса на наредниот натпревар.

Наводно Аморим сака да се обиде и во Манчестер Јунајтед да ја имплементира својата тактика, а тоа е 3-4-3 која ја играше и со Спортинг и тоа со доста успех.

Како што пренесуваат „Манчестер Ивнинг Њуз“ изненадувачки повик на тренинг со првиот тим доби стопер кој има само 16 години и кој до сега не работел со првиот тим.

Имено, големиот талент на Манчестер Јунајтед Годвил Куконки е промовиран во првиот тим и има шанса да се наметне на новиот тренер.