Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најдобрите македонски атлетичари Дарио Ивановски најпрво доби ваучер од 38.000 денари од Агенцијата за млади и спорт (АМС), но откако се побуни преку социјалните мрежи, грешката беше корегирана.
АМС веднаш се корегираше и наместо 38.000 денари, Ивановски ќе добие 188.000 денари. Исто така, од агенцијата објаснија дека станувало збор за грешка.
Националниот рекордер на 1.500 метри избори норма за настап на Европското првенство (ЕП), а сега доби и парични средства со кои ќе може да тренира во подобри услови.