Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Спортската јавност реагираше бурно по вчерашната вест дека се укинува спортскиот ваучер со измените на Владата на Македонија.
Владата на Македонија донесе измени во Законот за добивка преку кој се регулираше ваучер-системот, а Агенцијата за млади и спорт уверува дека тоа значи прекинување на ваквиот начин на поддршка на спортот, се менува само начинот на реализација.
„Агенцијата за млади и спорт во врска со измените во Законот за данок на добивка кој се однесуваат на даночно ослободување за националните спортски федерации, спортски клубови и активните спортисти, ве известува дека со овие измени не се укинуваат спортските ваучери, туку се менува единствено начинот на реализација на спортските ваучери, и како што беше претходно најавено, државата директно ќе ги исплаќа средствата на спортските субјекти кои ќе имаат право на спортски ваучер.
Агенцијата за млади и спорт во координација со Министерството за правда, го имаат подготвено новото предлог законско решение со кои ќе се уреди новиот начин на реализација на спортскот ваучер и истиот е во фаза на усогласување со надлежните институции за да се овозможи отпочнување на собраниска процедура за новите предлог законски измени.
Поддршката во спортот со спортскиот ваучер ќе продолжи, оваа мерка со новиот начин ќе се унапреди, и сите кои имаа потешкотии од било кои причини при реализација на спортскиот ваучер, тој проблем веќе ќе го немаат. Злоупотребите од нечесните компании кои бараа услуги за реализација на спортскиот ваучер, ќе престанат и сите средства ќе се користат за унапредување на спортот и за потребите на спортистите“, велат од Агенцијата за млади и спорт.