Амстердам не е безбеден: Холански фудбалер бил застрелан во неговиот автомобил (ФОТО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Искусниот 32-годишен холандски фудбалер, кој настапуваше како десен бек, Келвин Мејнард беше застрелан синоќа во Амстердам.

Фудбалерот кој во кариерата настапуваше за Волендам Емен, Буртон и уште неколку други клубови, бил застрелан додека бил во неговиот автомобил и му немало спас.

Мејнард бил во автомобилот, кога кон него биле истрелани неколку куршуми од скутер, по што тука бил крајот за фудбалерот.

Полицијата во моментов трага по напаѓачите, а засега нема информација зошто бил застрелан Мејнард.

За тие што не знаат, Мејнард во претходните две сезони го носеше дресот на Квик Бојс, а покрај тоа има настапувано и во Белгија, Португалија и Унгарија.