Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарната српска тенисерка Ана Ивановиќ го прокоментирала формата и шансите на Новак Ѓоковиќ пред почетокот на US Open, последниот гренд слем на сезоната.
Новак веќе се наоѓа во Њујорк, каде што наскоро го чека извлекувањето и ќе дознае кој ќе му биде пречка на патот до потенцијална нова титула.
Ана истакнува дека Ѓоковиќ донел зрели и внимателни одлуки при подготовката за турнирот, но предупредува дека во некои моменти може да му недостасува натпреварувачки ритам, со оглед на помалиот број натпревари што ги одиграл пред доаѓањето во Америка.
– Новак го намалува бројот на турнири на кои игра и тоа целосно има смисла, но истовремено во завршните фази од турнирите тие би можеле да бидат потребни, како и кондицијата стекната преку натпревари – рече Ана и потоа додаде:
– Сепак, мислам дека неговата опоравка по натпреварите, неговата физичка подготвеност и ментална сила се уште тука, па дефинитивно можам да го видам како напредува далеку на турнирите – додаде поранешната српска тенисерка.
Фото: Принтскрин