СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Реал Мадрид веќе во оваа сезона освои УЕФА Суперкуп и Интерконтинентален куп, но тоа не се трофеи заради кои може мирно да го чека крајот на сезоната. Шпанците пишуваат дека Реал ќе му даде отказ ако на крајот на сезоната не освои трофеј од Лигата на шампионите, Ла Лига или Купот на кралот.
Ако Реал не успее да освои некое од тие натпреварувања, тој ќе го напушти клубот и покрај договорот кој го има за следната сезона. „Релево“ пишува дека негов наследник во клубот треба да биде Чаби Алонсо. Во Баер, актуелниот клуб на Алонсо, се свесни за плановите на Реал. Шпанците пишуваат дека е постигнат договор помеѓу двата клуба според кој на Алонсо ќе му биде дозволено да си оди во случај на повик од Реал.
Анчелоти моментално е во својот втор мандат во Реал. На клубот му донесе две титули во шпанското првенство, три во Лигата на шампионите и вкупно 15 трофеи.