Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид славеше во вечното дерби против Барселона со 3-2, а дуелот го одбележа една контроверзна ситуација кога Андреј Лунин ја извади топката од гол-линијата.
Каталонците бараа судијата да им признае гол, но ВАР-технологијата „пресече“ дека не постои доказ за такво нешто.
Чави по мечот кажа дека судиите директно влијаеле врз дуелот, а Анчелоти смета дека гол не може да се додели ако нема доказ.
„Секој има право на свое мислење. Нема чиста слика и доказ дека топката целосно ја преминала гол-линијата. Тоа значи дека нема гол“, кажа Анчелоти.