Анчелоти бара засилувања: Реал Мадрид сака замена за „најслабата алка“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид игра лошо оваа сезона, а врв на сè беше поразот од Виљареал (1-2), па поради тоа тренерот Карло Анчелоти бара нови засилувања.

„Марка“ пишува дека Ферлан Менди е „најслабата алка“ во екипата и следното лето „кралевите“ ќе бараат негова замена.

Французинот игра лошо оваа сезона, а остана и без настап на Мундијалот во Катар, додека против Виљареал беше главен виновник за поразот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти сака да го продаде Менди, а парите од тој трансфер и од раководството кои ќе бидат одобрени, ќе служат за да се ангажира соодветна замена.