Анчелоти: Белингам е одличен, но не може да го замени Крос!


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос вчера се збогува со „Сантијаго Бернабеу“ каде што го одигра последниот меч во дресот на Реал Мадрид.

Новинарите ги интересираше кој ќе биде замената за Крос во идната сезона, а еден од нив го посочи Џуд Белингам.

„Белингам не може да го замени Крос. Џуд е одличен кога е поблиску до голот, а Крос игра поназад. Нема фудбалер со карактеристики како Тони на трансфер-маркетот, тешко ќе го замениме. Имаме други играчи за врска со големи квалитети и ќе мора да ги искористиме“, кажа Анчелоти.