Анчелоти дебитираше со победа, Артета со реми додека Челси доживеа нов шок


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


На Боксинг Деј видовме навистина интересни натпревари и уште неколку неочекувани резултати.

Фудбалската јавност во Англија беше во исчекување на дебијата на Карло Анчелоти и Микел Артета на клупите на Евертон односно Арсенал

Легендарниот Карло Анчелоти имаше победничко деби на клупата на Евертон откако со 1:0 неговиот тим го совлада тимот на Барнли. Единствениот гол на средбата го постигна Доминик Калверт Луин во 80. минута.

Арсенал ремизираше со Борнмут на дебито на Микел Артета на клупата на „топчиите“. Тимот предводен од Еди Хау поведе со голот на Гослинг, додека резултатот го израмни Обамејанг.

Челси доживеа нов шок откако беше поразен од Саутемптон на домашен терен. Светците славеа со 2:0 со головите на Обафеми и Редмонд.