Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карло Анчелоти е врзан со договор за Реал Мадрид до летото 2026 година, а доколку и наредната сезона ги води „Кралевите“ во неговиот тренерски тим речиси сигурно нема да бидат неговиот син Давиде и Франческо Маури.
Тренерот на шпанскиот гигант би можел на крајот од оваа сезона да остане без два многу важни члена на стручниот штаб. Неговиот син Давиде и Франческо би можеле да ја прекинат соработката со легендарниот експерт.
Давиде и Франческо имаат намера да ја продолжат кариерата некаде на друго место. Давиде Анчелоти со години ги одбиваше понудите, но 35-годишникот сега верува дека е подготвен за исчекор во кариерата.
Исто така, за заминување размислува и Франческо. Тој е, како и Давиде, со години во стручниот штаб на легендарниот Италијанец, и сега е подготвен за самостоен исчекор.