Анчелоти доби прашање за Крос, па даде краток одговор: Не, не плачев (Видео)


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Тони Крос пред неколку дена ги изненади сите откако објави дека ќе оди во пензија по завршување на Европското првенство (ЕП) оваа година.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти доби прашање од новинарите како реагирал по објавата на Крос.

„Крос донесе одлука да се пензионира додека беше најдобар, разговаравме за тоа. Тони има храброст да направи такво нешто и го почитуваме. Средбата беше емотивна, но не заплакав“, се пошегува Анчелоти на крајот.