Анчелоти добива нов договор, ќе важи до 2030 година!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилската фудбалска конфедерација сака да го продолжи договорот со селекторот Карло Анчелоти до 2030 година, пренесоа денес бразилските медиуми.

Челниците на бразилскиот фудбал сакаат славниот стратег да остане во репрезентацијата без оглед на резултатот што екипата ќе го постигне на Светското првенство следното лето во САД, Канада и Мексико, пренесе “О Глобо”.

Италијанскиот тренер добро ја започна работата, со три победи, нерешен резултат и еден пораз во квалификациите. Тој неодамна изјави дека нему и на семејството му одговара ангажманот и дека би бил заинтересиран за продолжување на соработката.

Анчелоти е единствениот фудбалски тренер кој освоил титули во петте најсилни европски лиги, Премиер лигата, Серија А, Примерата, Бундес лигата и француската лига.