Анчелоти дозна каква повреда има Бензема по првите прегледи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид со 3-0 го совлада Селтик во Шкотска на почетокот на групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), но Карим Бензема се повреди на стартот на натпреварот.

Бензема денеска замина на први прегледи по повредата, по што тренерот Карло Анчелоти доби информација дека не станува збор за ништо сериозно.

Французинот ќе треба да оди на нови тестови во четврток, по што ќе биде одредено колку време треба да паузира од фудбалските терени.

Првите шпекулации се дека ќе го пропушти само мечот против Мајорка, кој е закажан за недела, но ќе биде подготвен за останатите предизвици следната недела.