Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид вечерва од 21 часот ќе се соочи против Борусија Дортмунд на „Вембли“ во финалето на лигата на шампиони (ЛШ).
Тренерот Карло Анчелоти заедно со Начо и Лука Модриќ се појави пред новинарите на прес-конференцијата.
„Сите знаеме колку е важна Лигата на шампиони. Ова е посебно натпреварување, но и голема одговорност“, кажа Начо.
Потоа главната улога ја презема Анчелоти кој држеше „монолог“.
„Имавме доволно време да се подготвиме како што треба, екипата е фокусирана, ова е најважниот меч оваа сезона“, кажа Анчелоти.
Модриќ немаше што да додаде и посочи дека тренерот Анчелоти веќе кажал сè што мисли за дербито.