Анчелоти ги дозна најлошите вести пред дербито со Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид утре ќе се соочи против градскиот ривал Атлетико Мадрид, а тренерот Карло Анчелоти не може да смета на неговиот најдобар напаѓач Карим Бензема.

Францускиот напаѓач се повреди на првиот дуел од Лигата на шампиони против Селтик, па Бензема ќе мора да паузира и против Атлетико, а негово враќање се очекува дури по репрезентативната пауза.

„Нема да ви кажам кој ќе го замени Бензема, кој дефинитивно нема да игра против Атлетико“. Кажа Анчелоти.

Бензема досега одигра 37 меча протиув Атлетико, а притоа постигна седум гола и четири асистенции.