Анчелоти ги избра најдобрите 11 кои ги тренирал: Во тимот нема место за Кристијано Роналдо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот италијански стратег, Карло Анчелоти за „Марка“ состави тим од 11 најдобри играчи кои ги тренирал во кариерата.

60 годидшниот Анчелоти работел во многу клубови меѓу кои Милан, Челси, Јувентус, Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Наполи и Евертон.

Дон Карло со успех водеше дел од овие екипи во кои продефилираа бројни големи фудбалски ѕвезди. Сега Анчелоти ја доби задачата да состави најдобар тим од тие играчи и тој го имаше следниот избор: Буфон, Малдини, Силва, Тери, Кафу, Пирло, Лампард, Зидан, Кака, Ибрахимовиќ, Шевченко.

Интересно е што во изборот го нема Кристијано Роналдо кој соработуваше со Анчелоти во тимот на Реал Мадрид.