Анчелоти ги откри имињата на засилувањата: Перез има големи планови за во јули!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти кажа дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез има големи планови за следното лето.

Анчелоти знае дека екипата е погодена од пандемијата, но и покрај тоа Перез ќе реализира многу работи со кои ќе го засили шпанскиот гигант.

„Единствено нешто што се менува се тренерите. Остануваат исти работници, новинари и останато, и покрај финансиската криза. За една година, новиот стадион ќе биде отворен, а Перез има големи планови за во јули. Често се зборува за Халанд и Мбапе? Ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време“, кажа Анчелоти.

Анчелоти смета и дека треба да се направи револуција во светот на фудбалот, односно да се намали бројот на натпревари за да се зголеми квалитетот.