Анчелоти ги откри плановите за зимскиот преоден рок на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти доби прашање на прес-конференција за следните планови на Реал Мадрид во зимскиот преоден рок.

„Кралевите“ никогаш не купуваат голем број фудбалери во јануари, а така ќе биде и овој пат, како што кажа Анчелоти.

„Не мислам за преодниот рок на зима. Ова е тим кој ќе го имаме до крајот на сезоната. Нема да го менуваме“, кажа Анчелоти.

Реал го игра следниот натпревар против Жирона, а Анчелоти смета дека треба да бидат внимателни.

„Жирона игра добар фудбал и мора да се браниме добро од нив. Од самиот старт ќе бидеме фокусирани и мора да победиме по поразот од Лајпциг“, вели италијанскиот стратег.