Анчелоти ги отстрани сите дилеми: „Тоа е единствениот клуб кој би го водел!“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден од најдобрите тренери на својата генерација е легендарниот Карло Анчелоти кој сега даде интересно интервју за францускиот L’Equipe.

Карло Анчелоти на крајот од изминатата сезона ја заврши неговата епизода во главниот град на Шпанија.

На местото раководител на стручниот штаб на Реал Мадрид го замени Чаби Алонсо кој дојде од Баер Леверкузен.

Легендарниот Италијанец веднаш по заминувањето од кралскиот клуб најде нова работа и ја презеде клупата на репрезентацијата на Бразил.

Анчелоти солидно ја започна епизодата со Кариоките, и неговиот Бразил ќе учествува на Светското првенство следната година.

Сега 66-годишникот даде еден интересен интервју за францускиот реномиран весник – L’Equipe.

Едно од прашањата беше кој клуб би го водел по ангажманот во репрезентацијата на Бразил, а Анчелоти беше многу краток и јасен.

“Клуб? Единствениот клуб за кој сум заинтересиран да го тренирам е Реал Мадрид”, рече италијанскиот стручњак.