До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бразилската јавност беше изненадена од одлуката на Карло Анчелоти да не го вклучи Нејмар на списокот за пријателските натпревари против Франција и Хрватска крајот на март. Реакциите стигнаа веднаш, а еден од првите кои реагираа беше Роналдињо, кој смета дека ваков потег е сериозна грешка.
Новиот селектор на Бразил ја објави листата на играчи за претстојните натпревари, и иако повика дури девет напаѓачи, меѓу нив немаше место за ѕвездата на Сантос и едно од најголемите имиња во историјата на бразилската репрезентација. Токму затоа неговата одлука предизвика бурни коментари во земјата каде што од репрезентацијата секогаш се очекува само најдоброто.
Иако Анчелоти се обиде да ја смири ситуацијата, во Бразил веќе започна дискусија за тоа дали репрезентацијата може да изгледа како сериозен кандидат за најголемите натпревари без Нејмар.
Роналдињо беше меѓу оние кои не го криеја разочарувањето.
‘Нејмар е подобар од повеќето Бразилци дури и на една нога во овој момент. Едноставно веќе не уживам гледајќи го Бразил како некогаш. Тој мора да биде во репрезентацијата на Светското првенство’, порача легендарниот Бразилец.















