Анчелоти го избра наследникот на Модриќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го губи местото во Реал Мадрид, па поради тоа тренерот Карло Анчелоти му избра замена.

Анчелоти сака да го ангажира Николо Барела од Интер како замена за хрватскиот репрезентативец. Овој италијански фудбалер игра одлично во изминатите сезони и поради тоа е главна желба на искусниот тренер.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез е на потег и наскоро треба да тргне по потписот на Барела, но проблем е тоа што Интер за трансфер бара околу 75 милиони евра.

Засега не е познато колку пари е подготвен шпанскиот гигант да потроши на потписот на Барела.