Анчелоти го извади од игра, а тој почна да удира по клупата за резервни играчи (Видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид освоија само бод на гостувањето кај Бетис и сега имаат девет бодови помалку од лидерот Барселона.

Во центар на внимание на синоќешниот меч беше Лукас Васкез, кој ги загуби нервите откако тренерот Карло Анчелоти го извади од игра.

Васкез реагираше бурно затоа што остана само еден час на теренот и потоа со нога удри по клупата за резервни играчи, а исто така ја фрли и јакната која ја доби по излегување од игра.

На Анчелоти сигурно нема да му се допадне ова однесување на Васкез, кој досега настапи на 17 меча и притоа постигна само два гола и една асистенција.