Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот тренер Карло Анчелоти запиша уште една победа со Реал Мадрид во Лигата на шампиони (ЛШ), а притоа успеа да постави рекорд.
Анчелоти го надмина легендарниот Сер Алекс Феругсон по број на победи и сега Италијанецот има 103 триумфи во елитното натпреварување, додека зад него остана поранешниот стратег на Манчестер јунајтед со една помалку.
Сепак, „Опта“ не го смета неговиот рекорд и потенцира дека ова е 102 победа за Анчелоти затоа што триумфот на Милан против Интер во сезоната 2004/05 не е пресметана, откако мечот беше прекинат поради дивеење на навивачите на Интер, па „росонерите“ службено ја добија победата.