Анчелоти го напушта Мадрид со солидна сума: Реал му исплаќа 11 милиони евра


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Карло Анчелоти, познатиот италијански тренер, според очекувањата, ќе ја заврши својата кариера во Реал Мадрид на крајот од сезоната, за да го прифати селекторското место на бразилскиот национален тим.

По серија на слаби резултати на „кралскиот клуб“, било убрзано неговото разделување со тимот од Мадрид.

И покрај случувањата, управата на Реал одлучи со почит и благодарност да ја прекине соработката со Анчелоти и ќе му ја исплати целосната последна година од договорот во вредност од 11 милиони евра, истакнувајќи го неговиот значаен придонес во изминатите неколку сезони.

Анчелоти остави голема трага во историјата на Реал Мадрид, водејќи го тимот до 11 трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите, Ла Лига и други важни титули.

Фото: Принтскрин