Анчелоти: Го напуштам Реал за две недели, ми беше преубаво во Мадрид


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Карло Анчелоти објави дека за две недели ја завршува својата втора задача како тренер на Реал. На пресс конференција пред првенствениот натпревар против Мајорка во 35. коло на Ла Лига, изјави: „Станувам селектор на Бразил на 26 мај“.

Анчелоти го водеше Реал од летото 2013 до пролетта 2015 и од летото 2021 до летото 2025. Со Реал освои три титули во Лигата на шампионите и по две титули во Ла Лига, Кралскиот куп и Светскиот клупски првенства. Оваа сезона на Реал, последна под Анчелоти, завршува неуспешно. Барселона го победи во борбата за шпанскиот Суперкуп и Кралскиот куп, а извесно и во однос на Ла Лига. Во Лигата на шампионите испадна во четвртфиналето од Арсенал.

Анчелоти ќе го води Реал уште три првенствени кола. Веројатно Реал нема да ја одбрани шпанската титула бидејќи Барселона викендов го победи со 4:3, и е водечка со седум поени повеќе од актуелниот шампион.

Сепак, Анчелоти порача: „Ла Лига не е уште завршена и ние не се предаваме. Сé уште сум тренер на Реал и сакам да ја завршам работата овде на најдоброто можно ниво затоа што го почитувам овој клуб, неговите навивачи и играчи. Прекрасно ми беше овде. Никогаш немав проблеми со Реал. Мадрид го носам во срцето. Одлично се забавувавме и освоивме многу трофеи. Тоа ќе го запомнам за целиот живот. Секако дека оваа сезона сакав да ја освојам Ла Лига и Лигата на шампионите, но сепак сум среќен.”

Фотографија: Принтскрин