Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Карло Анчелоти беше на чекор од преземање на бразилската репрезентација, но договорот пропадна во последен момент. Италијанскиот тренер требаше да потпише договор со Бразилската фудбалска федерација во Лондон, но во вторник навечер сè ненадејно беше прекинато.
Според извештајот од Releva, Анчелоти го известил бразилскиот фудбалски сојуз дека Реал Мадрид не го дозволува неговото заминување во јуни, пред почетокот на Светското клупско првенство, освен ако не се откаже од преостанатата плата од договорот кој важи до 2026 година.
CBF беше подготвен Анчелоти да ја преземе репрезентацијата уште на 6 јуни против Еквадор, но сега разгледуваат други опции, како на пример Жорж Жезус. Во меѓувреме, Анчелоти доби богата понуда од саудискиот Ал-Хилал, наводно вредна 50 милиони евра по сезона.
Фoтo: Принтскрин