Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проектот на европската Суперлига пропадна при првиот обид, но сега му се дава нова шанса да се формира по одлуката на Судот за правда во Луксембург.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез покажа задоволство што ќе може да се создаде Суперлига, но пресудата не мора ништо да значи затоа што голем број тимови не прифатија учество во такво натпреварување.
За Суперлигата денеска „зелено светло“ даде и тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти.
„Одлуката на судот е важна за фудбалот. Некои клубови не се уверени, но мислам дека ова може да биде позитивна работа за сите. Факт е дека повеќе нема да има монопол и тоа е позитивно“, кажа Анчелоти.