Анчелоти го подели Бразил околу Нејмар, критики и за Винисиус поради конфликтот со Алонсо


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Карло Анчелоти го објави списокот на играчи на кои смета за пријателските натпревари против Сенегал и Тунис, а на него повторно го нема името на Нејмар, кој неодамна се врати на терен во дресот на Сантос по повеќенеделна пауза поради повреда на бутниот мускул.

Веќе со месеци наназад владее сага дали Нејмар ќе се врати во државниот тим на Бразил и ќе игра на Светското првенство наредната година, а како што времето одминува, се појасно е дека некогашниот првотимец на Барселона и Пари Сен Жермен ќе мора да призове и среќа за да се најде на списокот на Анчелоти.

Меѓу повиканите се најде и Винисиус Жуниор, кој беше критикуван од Анчелоти за срамната реакција при измената од тренерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо во судирот против Барселона.

„Имаме одлични односи со Винисиус и кога ќе се случи нешто, ние разговараме за тоа. Разговарав со Винисиус за инцидентот и реакцијата што ја предизвика. Му кажав дека погрешил. Се извини и приказната е завршена”, рече Анчелоти.

Бразил ги игра двата пријателски натпревари дома. Прво ќе го пречека Сенегал в сабота на 15 ноември, а потоа три дена подоцна и селекцијата на Тунис.