Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Карло Анчелоти донесе голема одлука за продолжување на сезоната на Реал Мадрид. Винисиус Жуниор повеќе нема да изведува пенали, а прв изведувач ќе биде Килијан Мбапе.
Винисиус Жуниор промаши пенал во дуелот против Валенсија и тоа веројатно ќе биде неговиот последен пенал кој ќе го изведе оваа сезона.
Карло Анчелоти вечерва донесе голема одлука за продолжување на сезоната. Винисиус веќе не изведува казнени удари и одговорноста целосно ја презема Килијан Мбапе.
„Килијан Мбапе отсега е главен изведувач на пенали. Оваа одлука лично ја донесе Карло Анчелоти“, наведува шпанскиот новинар Хосе Феликс Диаз, а Марка тоа го потврдува со дополнителна вест.
Фото: Реал Мадрид C.F./FB