Анчелоти го прекина молкот по добиената награда во Париз (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти беше избран за најдобар стратег за минатата година на церемонијата во Париз, но тој не беше присутен во францускиот град затоа што ја бојкотираше манифестацијата.

Анчелоти по добиената награда испрати порака на социјалните мрежи каде што се заблагодари на фудбалерите кои му помогнале да стигне до признанието со одличните настапи за Реал Мадрид.

„Сакам да се заблагодарам на моето семејство, претседателот на мојот клуб, фудбалерите, но најмногу на Вини и Карвахал“, порача Анчелоти.