Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот медиум „Марка“ објави дека искусниот фудбалер Герет Бејл планира да ја заврши фудбалската кариера по Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи летово.
Репрезентативецот на Велс сака да ѝ помогне на неговата селекција во дуелите против Италија, Швајцарија и Турција во групната фаза, по што многумина очекуваа да се врати во Реал Мадрид, но очигледно тоа нема да се случи.
Новиот тренер на „кралевите“, Карло Анчелоти повторно сакаше да му даде шанса на Бејл во првиот тим затоа што има добри односи со репрезентативецот на Велс, но играчот имал друг план.
„Марка“ објави дека Бејл решил да се пензионира, иако има уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, а тоа воедно ќе му заштеди и 20 милиони евра на шпанскиот гигант.
Бејл минатата сезона го засили Тотенхем и притоа одигра 33 меча, а постигна 14 голови и три асистенции.