Анчелоти го „затвори“ преодниот рок за Реал Мадрид


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Реал Мадрид има моќен тим за новата сезона, а тренерот Карло Анчелоти соопшти дека клубот повеќе нема да ангажира засилувања.

„Галактикосите“ имаат страшен напад, но многумина сметаат дека им треба дефанзивец, иако Анчелоти не сака да купи нов стопер.

„Нема да купуваме фудбалери во последен момент на ниту една позиција. За нас преодниот рок е завршен“, кажа Анчелоти.

Давид Алаба има сериозни проблеми со повреди, а ништо подобра не е ситуацијата ниту со Едер Милитао.