Анчелоти гради екипа по свој вкус: Евертон доби уште еден фудбалер во средниот ред! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Евертон сезонава не се шегува со засилувањата. Карло Анчелоти конечно успеа да го ангажира Хамес Родригез, а пристигна и Алан од Наполи.

На тие двајца во средниот ред на Еверон им се приклучува уште еден искусен и квалитетен фудбалер, а тоа е Абдулаје Докуре од Вотфорд.

Клубот од „Гудисон“ го искористи фактот што Вотфорд испадна во Чемпионшип-лигата и за нешто повеќе од 22 милиони фунти го договори 27-годишниот фудбалер.