Анчелоти и Перез повторно ја „спукале“?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го доживеа првиот пораз сезонава, и тоа во градското дерби од Атлетико Мадрид со 1-3, а тоа предизвика немир кај поранешниот европски шампион.

Карло Анчелоти презема одговорност и кажа дека е виновен за поразот, а новинарот Марио Кортехана вели дека Флорентино Перез не бил среќен со изборот на играчи на Италијанецот.

Перез покажал незадоволство поради Тони Крос и Лука Модриќ, зашто Анчелоти не го послушал неговото барање тие да не бидат заедно во исто време на теренот.

Анчелоти мораше да го постави Модриќ во офанзивната линија со Џуд Белингам, но тоа не донесе резултат туку проблеми за гигантот.