Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти откри во разговор за „Кориере дело Спорт“ за тоа каков стил на игра најмногу сака, а својата идеја ја претстави преку примерите на Лука Модриќ и Тони Крос.
Анчелоти зборуваше за тоа како се стига до добри резултати со екипите, како и дека не форсира некакви идеологии.
„Победите и титулите се резултат на проценките на тренерите. Секако, кога играш добро, лесно е да стигнеш до резултати. Јас уживам кога победувам. Меѓутоа, себе не можам да се пронајдам во било која категорија. Добар тренер е тој кој ја прилагодува играта на карактеристиките на фудбалерите. Ако ги имам Модриќ и Крос, не можам да играм висок пресинг. Мислам дека Конте го објасни тоа, а ако не е, тогаш нема врска. Никогаш не сум развивал идеологии како гвардиолизам, саризам…“, кажа Анчелоти.