Анчелоти им кажал две реченици на ѕвездите пред да ја декласираат Барселона


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид ја уништи Барселона со 4-0 во реваншот од полуфиналето во шпанскиот Куп, а во медиумите беше откриено што им кажал Карло Анчелоти на своите избраници.

Барселона славеше во Мадрид со 1-0 против Реал, но „кралевите“ им се одмаздија на „Камп Ноу“ и заслуга за тоа има Анчелоти.

Шпанска „Марка“ објави дека Анчелоти на своите фудбалери им кажал две реченици во соблекувалната.

„Не беа подобри од нас ниту на првиот меч во Купот, ниту во првенството на ‘Камп Ноу’. Не заслуживме да загубиме и тоа ќе им го покажеме сега“, кажа Анчелоти.