Анчелоти: Има играчи во Ла Лига кои можат да ги заменат Меси и Рамос, еден од нив е во Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси ова лето ја напушти Барселона, додека Реал Мадрид остана без Серхио Рамос, а со нив загуби и шпанска Ла Лига.

Заминувањето на големите ѕвезди ја стресе Ла Лига, но многу фудбалски експерти сметаат дека во лигата има играчи кои можат да ги заменат Меси и Рамос.

„Рамос и Меси заминаа во Франција. Ла Лига загуби одлични играчи, но постојат други кои го покажуваат својот потенцијал, еден од нив е Винисиус“, вели Анчелоти.

Реал по пет одиграни кола има 13 освоени бодови и очигледно ќе води голема борба до крајот на сезоната за титулата.

Во пет меча „кралевите“ постигнаа 15 голови, а пет од нив постигна бразилското чудо од дете, кое се наоѓа на второто место на листата со стрелци.