Анчелоти има предлог за ново правило: Ова ќе биде добро за фудбалот…


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Реал Мадрид имаше голема среќа и избегна пораз на домашен терен од Елче, кој прокоцка водство од 2-0 во судиското надополнување, кога Милитао израмни на 2-2, откако претходно во лситата на стрелци се запиша и Модриќ.

Во следните две недели следи пауза во шампионатот, па така „кралевите“ ќе имаат доволно време за да одморат и да се подготват за следните предизвици.

„Мора да се направат тестови за да видиме каков е проблемот на Карим Бензема. Се надевам дека ќе се врати брзо на теренот. Судиското надополнување доаѓа на одлука на судијата. Сметам дека треба да се воведе ново правило за точно да пресмета колку време треба да се надополни. Верувам дека тоа ќе биде добро за фудбалот“, кажа Анчелоти.